167
Членот на Истражниот комитет на иранскиот парламент за случаи на труење, Мохамед Хасан Асфери, изјави дека од 30 ноември 2022 година до 6 март, повеќе од 5.000 ученици, главно девојчиња, биле отруени во 230 училишта во 25 провинции.
Десетици ученици се хоспитализирани во некои градови на иранските провинции Гулистан и Кохгиље-Буер Ахмед поради сомневање дека се отруени, јавува „Анадолија“.
Иранската агенција ИСНА наведува дека повеќе од три месеци се евидентирани масовни случаи на труење, главно во интернати за девојчиња.