Иран осуди на смрт двајца мажи вклучени во нападот на светото место Шах Черах во кој загинаа 15 лица

од Radmila Tasevska
142 прегледи

Иран осуди на смрт двајца мажи кои беа вмешани во нападот на светото место на шиитскиот ислам Шах Черах во јужниот ирански град Шираз во октомври минатата година, при што загинаа 15 лица.

Двајца осудени на смрт за време на судењето признале дека биле во контакт со Исламската држава во соседен Авганистан и помогнале во организирањето на нападот во Шах Черах, објавија денес иранските медиуми.

Шефот на судството на иранската провинција Фарс, Казем Мустави, рече дека покрај двајцата мажи осудени на смрт, уште тројца мажи вклучени во нападот се осудени на затворски казни од пет до 25 години, пренесе иранската државна агенција ИРНА.

Слични содржини