Иран: Пет лица убиени во протестите по смртта на девојката во полициски притвор

од Stefanija Kuzmanovska
228 прегледи

Пет лица беа убиени во иранскиот курдски регион кога безбедносните сили отворија оган за време на протестите поради смртта на младата жена во полицискиот притвор, соопшти групата за заштита на правата на Курдите, во третиот ден од немирите поради инцидентот што предизвика гнев ширум Иран.

Махса Амини, 22-годишна девојка од иранската провинција Курдистан, падна во кома и почина откако беше уапсена од полицијата за морал во Техеран минатата недела, што предизвика демонстрации во неколку области, вклучувајќи го и главниот град, пренесува „Ројтерс“.

Полицијата соопшти дека на девојката ѝ се слошило додека чекала со други жени кои ги држи полицијата за морал, која спроведува строги правила во Исламската република кои бараат од жените да ја покриваат косата и да носат широка облека на јавни места.

Слични содржини