143
Иран е подготвен да ја продолжи соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), изјави денеска портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Насер Канани, додавајќи дека IAEA „не подлегнала на израелскиот притисок во врска со нуклеарните активности на Техеран“.
Раководството на IAEA ќе се состане денеска, три месеци по усвојувањето на резолуцијата со која се повикува Иран да даде соодветни одговори на агенцијата во врска со истрагата за траги од ураниум на три необележани локации во Иран, пренесе „Ројтерс“.