Иранскиот министер за внатрешни работи Ахмад Вахиди објави дека труење на ученички, од кои ниту една не починала, е регистрирано во најмалку 52 училишта во земјата.
Министерот ја повика јавноста на мир и смиреност и го обвини „непријателскиот медиумски тероризам“ за ширење паника за овој случај, пренесе иранската државна агенција ИРНА.
امروز دهم اسفند، مسمومیت دانشآموزان مدرسهی دخترانه دانشگاه صنعتی اصفهان. pic.twitter.com/x6lz8LqIp7
— +۱۵۰۰تصویر (@1500tasvir) March 1, 2023
Агенцијата АП забележува дека иранскиот претседател Ибрахим Раиси најави покренување на истрагата во средата, дури откако случајот со труење на ирански ученички го привлече вниманието на меѓународните медиуми.
Според Би-Би-Си, до сега во Иран се регистрирани најмалку 650 случаи на труење на ученички, од кои, за среќа, ниту една не починала.
Never-ending nightmare in Iran as Islamic Republic continues to unleash its wrath poisoning more than 1000 schoolgirls with unknown chemical compounds in their schools. Hundreds hospitalized with respiratory, cardiac & neurological symptoms.#MahsaAmini #SaveIranianSchoolgirls pic.twitter.com/REVzh5tNSs
— Dr. Nina Ansary (@drninaansary) March 2, 2023
Државните медиуми шпекулираат дека опозициските групи во егзил или странски сили стојат зад овие случаи на труење, кои започнаа во ноември минатата година во градот Ком, свето место за шиитските муслимани, според АП.
Новинарите на иранскиот весник „Етелат“, меѓу кои е и истакнатата поранешна пратеничка Џамила Кадивар, ја наведоа наводната комуникација на групата „Фидаин велајат“ (Посветители на старателството). Според Етелат, „подржувачите“ изразиле став дека „образованието за девојчињата треба да се забрани“ и се заканувале дека ќе ги трујат ученичките низ Иран доколку останат отворени училиштата за девојки.
I thought now that the news has been widely reported outside Iran, the mass chemical poisoning of schoolgirls would stop. But it’s continuing in schools today.
This is an act of terror against children the #IRGCterrorists are allowing on their own soilpic.twitter.com/AOcgjUSzKI
— Neda (@_Neda_BB) March 1, 2023
Кадивар напиша дека друга можна причина е „масовна хистерија“, слична на онаа во Авганистан што беше забележана од 2009 до 2012 година.
Дури и по Исламската револуција во Иран во 1979 година, образованието за жените никогаш не беше доведено во прашање.
Техеран претходно апелираше до соседен Авганистан под талибанската влада да им дозволи на девојчињата и жените повторно да одат на училиште, додаде американската агенција.