Во извештајот за смртта на Махса Амини, се наведува дека таа не умрела како последица на удар во главата, виталните органи и екстремитетите, туку поради откажување на повеќе органи поради церебрална хипоксија, соопшти денеска официјалната иранска новинска агенција ИРНА.
Во форензичкиот извештај не е наведено дали младата Махса Амини се здобил со повреди. Во извештајот се вели дека таа колабирала додека била во притвор поради „основни заболувања“, пренесува „Ал Арабија“.
„Поради неефикасна кардио-респираторна реанимација во првите критични минути, таа претрпела тешка хипоксија, односно намален доток на кислород, а како резултат на тоа дошло до оштетување на мозокот“, се вели во извештајот.
Смртта на 22-годишната Амина во ирански притвор, каде што беше одведена од полицијата за морал, предизвика протести низ целата земја кои траат веќе две недели.
Нејзиниот татко рече дека таа се здобила со модринки на нозете и ја смета полицијата за одговорна за нејзината смрт.