127
Властите во Иран, кои го обвинуваат „странскиот фактор“ за масовните протести на граѓаните, денеска соопштија дека се уапсени 40 странски државјани поради учество во немирите.
„Досега 40 странски државјани се уапсени поради учество во протестите“, изјави портпаролот на иранското обвинителство Масуд Сетајеши на телевизиска прес-конференција, без да ја открие нивната националност.
Ширум Исламската Република Иран се одржуваат протести поради смртта на 22-годишната Махса Амини, која почина додека беше во притвор на моралната полиција на 16 септември.