245
Убиството на сите американски лидери нема да биде доволно за да се одмазди смртта на иранскиот воен командант генерал Касем Сулејмани, изјави денеска генералот на иранската револуционерна гарда – Мохамед Пакпур.
„Убиството на сите американски лидери не би било доволна одмазда за крвта на Сулејмани, ние мора да го следиме патот на Сулејмани и да го одмаздиме со други методи“, рече Папкур, цитиран од Ројтерс.
Сулејмани беше убиен од американската војска во јануари 2020 година за време на неговата посета на Ирак, а иранските власти ветија дека ќе се одмаздат на сите одговорни за неговиот атентат.