Иран: Уште три смртни казни за учество во демонстрации

од Radmila Tasevska
118 прегледи

Судот во Иран осуди уште тројца демонстранти против владата на смртна казна, објави денес иранската агенција Мизан.

Салех Мирхашеми, Маџид Каземи и Саид Јагуби беа осудени за „отпочнување војна против Бога“, односно за убиство на членови на милицијата Добронамерна Басиј за време на протестите против владата во Исфахан, пренесува Ројтерс.

Осудените лица имаат право на жалба на пресудата.

Слични содржини