309
Иранските власти заплениле брод со 106.500 литри шверцувано гориво и уапсиле девет членови на екипажот, објави денеска агенцијата „Тасним“.
„Според наредбата на обвинителството на островот Кешма, припадниците на поморската база го започнаа процесот на заплена при идентификација на бродот со 106.500 литри шверцувано гориво“, изјави министерот за правда во провинцијата Хормозган, објави Ројтерс.
Иран, кој има едни од најевтините цени на горивата во светот поради големите субвенции и падот на националната валута, се бори против нескротливиот шверц на гориво по копнен пат во соседните земји и по морски пат кон земјите од Арапскиот Залив.