Како одговор на резолуцијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), со која му се наредува на Техеран да прифати поголем степен на соработка, Иран започна да збогатува ураниум до 60 проценти чистота на нуклеарната локација Фордоу, користејќи центрифуги IR6, објави денеска иранската ТВ мрежа Ес-Ен-Ен.
Покрај тоа, Иран ќе изгради нов сет на центрифуги на локацијата, се наведува во извештајот на иранската ТВ мрежа, пренесува „Ројтерс“.
Управниот одбор на Меѓународната агенција за атомска енергија во четвртокот усвои резолуција, на гласање зад затворени врати, со која му се наредува на Иран веднаш да започне со соработка со истрагата на Меѓународната агенција за атомска енергија за трагите од ураниум пронајдени на три непријавени локации, соопштија дипломати.