Иран ја прошири листата на санкции против ЕУ и Велика Британија

од Stefanija Kuzmanovska
163 прегледи

Иран денеска ја прошири листата на санкции против ЕУ и Велика Британија со додавање на повеќе од 20 лица на списокот, како и неколку субјекти како што се медиуми и невладини организации, соопшти министерството за надворешни работи на земјата.

Како што се наведува во соопштението, новите санкции се воведени како одговор на „поддршката на тероризмот“, „поттикнувањето омраза“, како и „насилството што доведе до немири, терористички напади и кршење на човековите права на Иранците“.

ТАСС наведува дека Техеран конкретно вовел санкции против францускиот магазин „Шарли Ебдо“, радиото Фарда, кое емитува програма на персиски јазик, поранешниот француски министер Бернар Кушнер, Институтот за глобални промени на поранешниот британски премиер Тони Блер, британскиот министер за имиграција Роберт Џенрик, како и други Британски и европски физички и правни лица.

Слични содржини