Според азербејџанскиот медиум Report, Иранците го осудиле на смрт својот поранешен фудбалски репрезентативец Али Даеи (53).
Веста не ја пренесоа светските медиуми, ниту пак има потврда од Иран, но се повеќе светски медиуми го пренесуваат горенаведеното.
Легендарниот ирански фудбалер до неодамна беше најдобриот стрелец во историјата на иранскиот фудбал, а кон крајот на минатиот месец беше објавено дека специјалните сили на локалната полиција го уапсиле во неговиот дом. Причината е учество на антидржавни протести, по повод смртта на Махса Амини (22), инаку од курдско семејство. Девојката била приведена поради неносење хиџаб, поради што завршила во затвор, по што починала во болница во Техеран, очигледно како последица на тортура и тепање.
На крајот на септември Даеи ја повика иранската влада „да ги реши проблемите на иранскиот народ наместо да користи репресија, насилство и апсења“, а на иранскиот фудбалер му беше одземен пасошот поради објавување на Инстаграм, објави реформистичкиот весник „Хамихан“.
– Тоа што му се случи на Али е за жалење. Али го даде целиот свој живот за да го подигне иранското знаме, ја сака својата земја и нејзиниот народ и секогаш ја зборува вистината – нагласи неговиот брат Мухамед.
Но, Даеи до неодамна беше најдобар стрелец во националниот фудбал во светот, со оглед на тоа што за Иран постигна 109 гола на 149 настапи, а имаше и одлична клупска кариера. Покрај во иранските клубови, неколку години играше и во Бундеслигата, за Баерн и Херта.