Норвешкиот Нобелов комитет одлучи да ја додели Нобеловата награда за мир за 2023 година на иранската активистка Наргес Мохамади.
Наргес Мохамади ја доби наградата, како што се наведува во образложението, за нејзината борба против репресијата на жените во Иран и нејзината борба за промовирање на човековите права и слободи за сите.
Мохамади е една од водечките активисти за човекови права во Иран која се бори за правата на жените и за укинување на затворските казни.
Во образложението на наградата се наведува дека храбрата борба на Мохамади имала „огромна лична цена“.
„Вкупно, иранскиот режим ја апсеше 13 пати, ја осуди пет пати и ја осуди на вкупно 31 година затвор“, рече Берит Реис-Андерсен, шефица на Норвешкиот Нобелови комитет во Осло.
Наргес Мохамади „се уште е во затвор додека зборувам“, додава таа.