287
Иранската револуционерна гарда денеска отвори артилериски оган врз курдскиот главен град Ербил во Ирак, гаѓајќи, како што соопшти иранската државна телевизија, „терористички бази“.
Курдските медиуми во Ирак јавија дека гранатирањето погодило село во близина на границата со Иран, на околу 100 километри од Ербил, пренесе „Ројтерс“.
Ирачкото Министерство за надворешни работи го осуди иранското гранатирање, наведувајќи дека биле погодени некои локации во областа Сидекан.