Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека единствениот начин да се стави крај на конфликтот е Израел да ги запре воздушните напади.
Во изјава за иранските медиуми, тој рече дека Иран отсекогаш се стремел кон мир и стабилност.
„Во сегашните околности, траен мир ќе биде можен само ако непријателот ги прекине непријателствата и даде цврсти гаранции за прекин на своите терористички провокации“, рече Пезешкијан.
Тој предупреди дека ќе следи многу посилен одговор од Иран ако Израел продолжи со нападите.
Да потсетиме дека војната меѓу Израел и Иран официјално влезе во втората недела денес.