Иранските пратеници бараат дозвола за производство на нуклеарно оружје

од Nikola Popovski
43 прегледи

Група од 39 ирански парламентарци апелирале до Врховниот совет за национална безбедност на земјата со барање да се разгледа одбранбената доктрина на земјата и конкретно, да се дозволи производство на нуклеарно оружје поради закана од израелски напад, објави новинската агенција ИСНА, повикувајќи се на член на парламентарната комисија за култура Хасан – Али Ехлаки.

„Денес ниту една меѓународна организација, дури ни европските и американските држави, не можат да го контролираат Израел. Врз основа на ова, 39 парламентарци испратија писмо до Врховниот совет за национална безбедност и го потпишаа, предлагајќи Советот да ја ревидира одбранбената доктрина на Исламската Република Иран“, рекол Ехлаки, пренесе иранската агенција.

Тој посочил дека, без оглед на забраната во рамките на исламскиот закон за развој и употреба на нуклеарно оружје, за која зборувал врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, таа сепак може да се ревидира.

Слични содржини