Ирците се исплашени за границата, валутата и трговијата по шокот од Брегзит

од desk3
112 прегледи

 

ДПА – Хамбург

Не постои земја која има поблиски економски и политички врски со Велика Британија од Ирска, а тоа ја прави нервозан од последиците од разделбата меѓу Лондон и Брисел.

По одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија, повеќето од 6,4 милиони жители на Ирска се мачат да ги асимилираат ударните бранови кои доаѓаат од кај морето.

Ireland_Incoming_Trainees

– Се плашиме повторно да не биде воведена тврда граница, како и за мировниот процес во Северна Ирска, вели Пади Малоун, портпарол на Трговската комора во ирскиот граничен град Дандолк, на половина пат Даблин и Белфаст.

-Од 1995 година, во Северна Ирска се вложени најмалку три милијарди евра во мировни проекти и половина од парите дојдоа од ЕУ. Секој ден преку Дандолк и во двете насоки патуваат илјадници луѓе кои одат на работа. Тие треба да предвидат колку време ќе продолжи нивното патување за да успеат да си ги соберат децата од јаслите и тн. Се ќе се смени, ако има контролни пунктови на редовна основа или уште полошо – избирачи, објаснува тој.

Убиствена пресуда на Чилкот

Гласањето за Брегзит го истакна проблемот дека 4,6 милионското население на Република Ирска ќе остане во Европската унија, а 1,8 милионското население на Северна Ирска уште под британска јурисдикција, ќе остане внатре, иако 56 проценти од избирачите таму гласа за останување во ЕУ на референдумот на 23 јуни.

Малоун стравува дека Дандолк може да не издржи ако се повтори преселбата на пазарите од пред осум години, кога јужњаците масовно ја преминуваа границата за да пазаруваат во најблискиот северноисрки град Њури, откако курсот на еврото кон фунтата нагло скокна.

-Дандолк е најсиромашниот град во граничниот реон. Тој е оштетен заради „смутот“ (термин кој го коистат Ирците за конфликтот во Северна Ирска од крајот на 60-те години до мировниот договор од Велики петок во 1998 година) и заради близината на границата. Во последниве неколку години реонот почна да закрепнува. Минатиот Велигден, трговци на мало од градот првпат од 2007-2008 година објавија дека имале добра велигденска заработувачка, вели Малоун.

Но не е црно за Данколк

-П ривлековме инвестиции од Пејпал и Ибеј, а десет проценти од работниците се Полјаци. Повеќе луѓе патуваат од северот за да работат тука, отклку во обратен правец. Тука е убаво место за релокација и се надеваме дека некои компании кои ќе ја напуштат Велика Британија, ќе дојдат во Данколк, кој е само на 40 минути возење од даблинскиот аеродром, продолжува тој.

Најголемите стравови за градот на краток рок се поврзани со трговијата на мало, валутата и транспортот.

– Очекуваме трговијата на мало да биде силно погодена, додава Малуон.

Земјоделството во граничниот реон е веќе засегнато – варијациите во курсот на британската фунта се одразуваат на цените на говедското месо, тврди фарнерот Тони Фицпатрик од гратчето кава. Фармата на Фицпатрик не наоѓа 10 км. јужно од границата.

– Постои страв од пад на цените на крупниот добиток на пазарот неделава како резултат на варијациите на британската фунта. Клиенти до северот не купуваат, вели тој.

Туризмот е друга област која може да биде погодена како резултат од Брегзитот. Од Велика Британија доаѓаат 50 проценти од туристите во Ирска, а туризмот од Соединетите американски држави е исто многу важен.

– Штотуку успеавме за почнеме да го популаризираме Карлингфорд Лох. Како можам да ја рекламирам таа област пред еден американски турист ако му кажам дека треба да си извади два вида визи, во завиност од тоа на кој брег од фјордот се наоѓа?, вели Малоун.

Не само луѓето од граничната област стравуваат од ефектите на Брегзит.

Чарлс Бакли живее во југозападниот дел на Ирска и има фирма „Е-апликејшнс консалтинг“.

-Брегзит ја подрива довербата токму на почетокот на едно почувствувано заздравување во Ирска. Економската нестабилност, заедно со валутните прашања, негативно се одразуваат на перспективите за водење бизнис во Велика Британија, а особено во Европа, вели Бакли.

-На лично ниво, како самовработен, се плашам од последиците за пазарните цени на услугите во Велика Британија и за куповната моќ на пензионерите, додаде тој./MИА