Ирена Попова, досегашната советничката од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, од денеска ќе дејствува како независна.
– Ќе дејствувам независно, а вие слободно можете да продолжите со заканите кои ги испраќате до мене изминативе денови. Не се плашам и ќе продолжам да работам за она што го ветив на граѓаните во кампањата, а тоа е модерно Скопје, рече Попова и додаде дека не сака и понатаму да ја блокира работата на Градот.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата изгубија уште еден советник, откако претходно ги напушти Александар Трајановски од ГРОМ, кој потоа беше назначена како заменик-градоначалник на Арсовска.