Ирина и Бредли – нова шанса?

од Vladimir Zorba
358 прегледи

Поминаа три години откако Ирина Шајк и Бредли Купер раскинаа. На својот Инстаграм профил, парот сподели фотографии од заедничкиот одмор, што ги поттикна гласините за нивното помирување.

На профилот на манекенката се објавени фотографии направени на плажа покрај тиркизното море, каде насмеаниот пар почива во друштво на животни и позира за Инстаграм. Ирина Шајк се одмара на Бахамите со својата ќерка и Бредли Купер. На фотографиите е познатата свинска плажа на архипелагот Ексума.

Ирина Шајк го снимила и моментот кога им се гледаат нозете додека ајкулите се во позадина. Обожавателите не го криеја задоволството што славната двојка повторно ја гледаат заедно. Во декември 2021 година, Ирина Шајк и Бредли Купер беа видени како заедно шетаат по улиците на Њујорк.

Актерот и моделот се венчаа во 2015 година. Тие беа заедно до 2019 година, а од тој брак ја имаат петгодишната ќерка Ли Де Сеин.

Без оглед на тоа каков бил нивниот однос, парот повеќепати потенцирал дека имаат меѓусебно почитување. Можеби постои можност парот да одлучил да и даде нова шанса на својата заедничка иднина.Тие се ценат како партнери во родителството. Сепак, постои голема можност тие сега да одлучиле да и дадат уште една шанса на својата љубов.

Многумина се прашуваат како на сето ова реагирала девојката на Бредли Купер, Хума Абедин, најблиската соработничка на поранешната прва дама, државен секретар и кандидат за претседател на Америка, Хилари Клинтон.

Парот ги запозна уредничката на магазинот „Вог“, Ана Винтур.

Слични содржини