Irmscher Opel Astra GSe

од Vladimir Zorba

По стандардниот хечбек и караван Opel Astra, тјунинг куќата Irmscher сега ја измени електрифицираната верзија GSe.

Како и обично, германскиот специјалист за модели на Opel за новиот GSe обезбеди и променет преден браник со спојлер, комплет прагови, заден браник со дифузор, заден спојлер на покривот, комплет нови алуминиумски тркала од 19 инчи, модифицирана суспензија (автомобилот е понизок 25 mm), како и опционални странични налепници Irmscher.

Исто така, има и префинет ентериер, кој вклучува кожа, елементи од нерѓосувачки челик, нови патосници и прагови на вратите.

Овде имаме стандарден plug-in хибриден погон со комбинирана моќност од 165 kW/225 КС и 360 Nm вртежен момент. Пакетот вклучува 1,6-литарски бензински турбо мотор, електричен мотор, батерија од 12,4 kWh и осумстепен автоматски менувач (погон на предните тркала).

Слични содржини