Ирска активистка ги номинираше Асанж, Челси Менинг и Сноуден за Нобелова награда за мир

од Stefanija Kuzmanovska
351 прегледи

Ирската активистка и добитничка на Нобеловата награда за мир во 1976 година, Мејрид Кориган Мегвајер, ги номинираше основачот на Викиликс, Џулијан Асанж и свиркачите, Едвард Сноуден и Челси Менинг за Нобелова награда за мир во 2021 година, објави „Ајриш тајмс“.

„Секој од нив многупати покажа храброст. Откривајќи ги незаконските постапки на властите, кои предизвикаа милиони смртни случаи, тие ги ставија на коцка своите животи и слободата. Нивната самопожртвуваност и несебичност претставуваат извонредна демонстрација на големината на човечкиот дух“, истакнала Кориган во писмото до Комитетот за Нобелова награда, пренесува „Спутник“.

Асанж се соочува со затворска казна од 175 години во САД, доколку биде осуден за сите 18 обвиненија против него, додека Сноуден се соочува со затвор до десет години за откривање детали за масовниот надзор на САД.

Челси Менинг, која ги откри воените злосторства на САД во Ирак и Авганистан, беше осуден на 35 години затвор, но беше ослободен во 2017 година, кога американскиот претседател во заминување Барак Обама ја измени казната. Повторно беше затворена во март 2019 година, откако одби да сведочи за врските со Асанж, но повторно беше ослободена минатиот март, со парична казна од 256.000 долари.

Слични содржини