Комисијата за заштита на податоците на Ирска ја казни социјалната мрежа Инстаграм со 405 милиони евра поради нарушување на приватноста на децата, пренесува Политико.
Оваа казна е втора највисока изречена од ирскиот регулатор поради прекршување на одредбите на GDPR, бидејќи претходно ја казни платформата Амазон за 746 милиони евра.
Ирската комисија потврди дека ја наметнала казната, но одби да даде детали.
Казната, моментално највисока за платформа во сопственост на Мета, по 225 милиони евра за Ватсап и 17 милиони евра за Фејсбук, беше изречена на Инстаграм поради нарушување на приватноста на децата, вклучително и објавување на нивните телефонски броеви и е-пошта.
Портпаролот на Мета објасни дека секој помлад од 18 години може да го направи својот профил приватен кога ќе се приклучи на Инстаграм, така што само луѓето што ги познаваат можат да ги видат нивните објави.
-Возрасните не можат да им праќаат пораки ако тинејџерите не ги „отследат“. Целосно соработувавме со комисијата во текот на истрагата и внимателно ја разгледуваме нивната конечна одлука, соопштија од компанијата.