Ирска: Мајката брутално ги убила своите децата – прво се обидела да ги отруе, а следниот ден ги задушила

од Vladimir Zorba

Медицинска сестра која брутално ги задуши своите три деца во Даблин се обидела да ги отруе претходниот ден.

Дидри Морли (44) од Даблин наводно ги задавила своите три деца – Конор (9), Дару (7) и Карла (3), а после тоа безуспешно се обидела да се самоубие.

Мајката се бранела на суд со лудило, а исто така изјавила дека не ги сакала многу нејзините малечки. Таа на полицијата и рекла дека сака да ги спаси децата од болката и страдањата за кои верувала дека се пред нив, а исто така планирала да изврши самоубиство откако ги убила.

На 23 јануари минатата година, Морли наводно ставила морфиум во житарките на момчињата и поголема количина на лекови против болки во пијалокот на нејзината ќерка во нивната куќа во Даблин. Сепак, таа рече дека се откажала од оваа идеја откако децата го исплукале лекот што им го дала.

Сепак, таа не се откажала од намерата да ги убие своите деца, па следниот ден ја задушила својата ќерка со најлонска кеса, а едниот син го покрила со перница. Потоа ги однела децата горе и ја сместила ќерка си во нејзиниот кревет, кога се вратила да го земе синот, сфатила дека тој сè уште дише, па му ги блокирала носот и устата се додека тој не престанал да дише.

Потоа отишла да го земе другиот син, кого, како што изјави, го извадила порано од училиште од семејни причини. Таа го сместила во дневната соба и му пуштила цртан филм. Додека малото дете го гледало цртаниот филм, таа му ставила кеса над главата и црна лента преку устата уверувајќи го дека тоа е нивна игра, а уплашеното момче само успеа да каже: „Мамо, што правиш“ пред и тој трагично да почине.

Дидри Морли и нејзиното семејство

Мајката потоа зела шише вино и неколку средства за смирување и ја напуштила куќата со автомобил. Наскоро се судрила на кружниот тек. Подоцна ја пронашол таксист кој веднаш повикал брза помош, пренесе „Мирор“.

Во меѓувреме, таткото се вратил од работа не знаејќи што се случува. На прагот, тој најде само белешка на која пишувало: „Не оди горе или во дневната соба. Жал ми е“.

Тој пронашол друга порака покрај телото на еден од неговите синови на која таа напишала: „Не гледам иднина со сите овие нарушувања и депресија што ги имам. Морав да ги носам децата со мене. Скршена сум и не можам да живеам со тоа, многу ми е жал“.

Откако се опоравила во болницата, мајката беше уапсена, а во изјава за полицијата кратко рече: „Околу пладне, погледнав во мојот часовник и си реков дека можам да го сторам тоа сега. Само кликна одеднаш. Тогаш помислив дека сега можам да ги задушам и да се убијам“, изјавила жената на полицијата.

Таа додала дека едноставно не гледала иднина и сметала дека целото семејство треба да се држи заедно во такви моменти.

Полицијата соопшти дека жената претходно била во психијатриска клиника, но неодамна била пуштена дома бидејќи нејзината состојба се подобрила.

Во тек е судењето за убиството на децата, а се очекува пресуда во наредните денови.

Слични содржини