Ирски режисер на отворањето на СФФ пристигна во здолниште и патики

од Vladimir Zorba
281 прегледи

Уште еден сараевски филмски фестивал беше отворен синоќа со официјалната премиера на филмот „Kiss the Future“, а целото внимание со својата комбинација го привлече ирскиот режисер Марк Казинс.

Добитникот на почесното срце на Сараево на црвениот тепих прошета облечен во црно здолниште и јакна, додека на нозете носеше бели патики и спортски чорапи.

Марк гордо и насмеано им позираше на фотографите и тргна кон влезот со скрстени раце зад грб.