Исчезна една од најубавите плажи во светот, плажата Егреми на островот Лефкада

од Vladimir Zorba
233 прегледи

Силниот земјотрес што ја погоди Грција во вторникот, ја уништи една од најубавите плажи во светот, плажата Егреми на островот Лефкада. Земјотресот од 6,1 степен на Рихтеровата скала ги урна   карпите и се случи свлечиште на земјата – што резултираше со проголтување на убавата плажа.20151119.vzbtiwrgly

Моментот беше документиран на видео од страна на еден рибар кој во моментот се нашол таму со својот чамец. Плажата што беше прогласувана и изгласувана како една од најубавите во светот и привлекуваше бројни туристи секоја година, исчезна во облак прашина.