Кинеската социјална мрежа „Веибо“ ги објави првите фотографии на два телефона од јубилејната серија паметни телефони на Meizu.
Како што е познато, трите уреди со кои компанијата ќе го одбележи својот 15-ти роденден се појавија пред неколку дена на сајтот на локалниот регулатор TENAA, кој ги откри спецификациите на моделот.
Корисникот има објавено и фотографии од Meizu 15 и поголемата верзија – Plus.
Двата модели доаѓаат со AMOLED дисплеи, со дијагонали од 5,46 и 5,95 инчи, соодветно.
Поинтересните слики се од задниот панел на Meizu 15 Plus. Таму се прикажува стаклениот панел кој имитира метал, и кружен блиц кој ја надополнува двојната камера со резолуција од 12 + 20 мегапиксели.
Meizu сé уште не објавил датум за премиерата, но нема да мораме долго да чекаме.