Исени: Компаниите размислуваат за трансфер на производните капацитети во соседните земји каде струјата е поефтина

од Vladimir Zorba
685 прегледи

Долгата енергетска криза и најавите за тешка и студена зима, го вклучи алармот кај стопанствениците. Соочени со исклучително зголемени трошоци за електрична енергија, бараат брза реакција од Владата и јасен план и визија за долгорочно решение.

Во интервју за „Локално“, извршниот директор на Комората на северозападна Македонија, Дриљон Исени потенцира дека доколку до тоа не дојде, голем дел од компаниите делумно или во целост ќе ја прекинат работата и ќе ги отпуштат работниците.

-Според тоа што ни се посочува од страна на членките, повеќето од нив размислуваат за трансфер на нивните производните капацитети во соседните земји каде што цената на струјата е далеку поефтина, а голем дел размислуваат и за привремен прекин на активностите, вели Исени.

Анализата направени меѓу членството, за јули покажала за два до шест пати покачени сметки за електрична енергија а најзагрижувачка според Исени, е состојбата кај производствените компании.

-Високите трошоци за струја, моментално претставуваат голем товар за бизнисите, што без исклучок ги има погодено сите сектори. Кај производствените компании, трошоците за електрична енергија претставуваат 25 % од вкупните трошоци а од друга страна профитната маржа им е помалку од 5%, објаснува тој.

Во барањето доставено до Владата предлагаат укинување на ДДВ за електрична енергија, субвенции на дел од трошоците, забрзување на постапките за поставување фотоволтаици со што според Комората, на приватниот сектор ќе му се овозможи опстанок и ликвидност во престојниот период.

Откако стопанските комори го вклучија алармот, владата најави дека Економскиот совет ќе ги разгледа барањата на бизнис секторот за ублажување на ударот од високите цени на енергенсите за компаниите, па дури потоа ќе интервенира. Дали сметате дека се реагира навремено или неизбежно ќе дојде до ставање клуч на врата на стотици компании?

-Факт е дека енергетска криза преовладува и во Европа и поршироко, но ние како земја непосредно пред почетокот на грејната сезона ја дочекавме енергетската криза без стратегија и без конкретнии инвестиции во нови енергетски капацитети. Стопанската комора на северозападна Македонија во неколку наврати има посочено дека владата доцни со мерките за енергетската криза. Како се развиваше кризата, негативните ефекти почнаа да се чуствуваат уште кон крајот на 2021, но евидентно владата не реагира содветно, истото се надоврзува со недостиг на јасен план и визија за наоѓање долгорочно решение. Веќе имаме алараманта ситуација со електричната енергија и тоа се одразува негативно врз работењето на компаниите и го доведува во прашање и економскиот развој на земјата. Според тоа што ни се посочува од страна на членките, повеќето од нив размислуваат за трансфер на нивните производните капацитети во соседните земји каде што цената на струјата е далеку поефтина, а голем дел размислуваат и за привремен прекин на активностите.

Како во време на драстично поскапување на цената на електричната енергија преживува бизнисот и стопанството? На што се жалат вашите членки?

-Компаниите веќе трета година се соочуват со големи предизици при нивното работење, а особено проблем им претставуваат ликвидноста и недостаток на работната сила. Моментално во фокус дефинитивно останува покачувањето на цените на енергенсите, особено електричната енергија што дополнително го отежнува нивното работење. Ако се продолжи со овој тренд и ако не се превземаат итни и конкрентни мерки од страна на владата, доаѓаме до загрижувачка ситуација бидејќи голем дел од компаниите ќе бидат принудени делумно или во целост да ја прекината својата активност а со тоа и отпуштање на голем број работници, што ќе се одрази на економијата на земјата.

Колку од вашите членки се соочуваат со проблемот на енормно високи сметки за потрошена електрична енергија? За колку се зголемени нивните вкупни трошоци?

-Секојдневно сме во комуникација со нашите членки, согласно информациите добиени од нивна страна во врска со високите сметки за електрична енергија, поголем дел од фирмите иако имаат енергетско ефикасна инфраструктура, сметките за електрична енергија за месец јули им се зголемени од 2 до 6 пати, што изнесуваат 7 до 10% ос нивните оперативни трошоци. По алармантна е ситуацијата кај производствените компании, каде трошоците за електрична енергија претставуваат 25 % од вкупните трошоци а од друга странаа профитната маржа им е помалку од 5%. Сето ова е показател да се превземат итни мерки во спротивно поголем дел од компнаиите ќе бидат приморени да ставата клуч на врата.

Дали Комората на северозападна Македонија има своја листа на барања за помош на компаниите?

-Стопанската комора на северозападна Македонија како институција која ги штити интересите на бизнис зедницата во соработка со своите членки изврши анализа на настаната ситуација со електричната енергија и до релевантите институции достави низа предлози и мерки за надминување на кризата со електричната енергија. Нашите очекувања се дека Владата ќе ги земе во предвид истите и ќе им излезе во пресрет на компаниите по примерот на соседните земји, преку укинување на ДДВ за електрична енергија, субвенционирање на дел од трошоците, како и забрзување на постапките за поставување на фотоволтаици со цел максимално искоритување на нивните капацитети за производство на електрична енергија за сопствени потреби.

Што им треба на бизнисмените за опстанок а потоа и за развој во ситуација на постојан тренд на раст на цените на сите енергенси?

-Најважно за нас како Комора, сите мерки и и одлуки кои се однесуваат на економскиот развој да се носат во соработка со бизнис заедницата и да се земат во предвид нивните релни барања. После пандемијата со Ковид 19, следеше уште еден удар врз економијата а тоа беше покачување на цените на енергенсите на светките берзи. Високите трошоци за струја, моментално претставуваат голем товар за бизнисите, што без исклучок ги има погодено сите сектори. Треба итна реакција од Владата со што на компаниите ќе им се обезбедат субвенции или полесен и поедноставен пристап до алтернативни извори на електрична енергија, со што ќе им се овозможи да опстанат и да бидат ликвидни во овој период. Исто така е неопходно да се превземаат мерки со цел поголема подршка на домашните компании кои се извозно ориентирани, политиките за финансирање на истите да се проектираат на тој начин што ќе им се овозможи полесен пристап до ликвидни средства.

Имате ли чувство дека во пресрет на очекуваната тешка и студена зима, владата успева да ја менаџира енергетската криза а со тоа и да се грижи за бизнис секторот?

-Ние сме сведоци дека компаниите секој ден се соочуват со зголемување на трошоците за работа, а од друга страна целиот овој кризен период се соочуваат со редица мерки кои дополнително им го отежнуваа работењето и прилогадувањето кон кризата. Ние како Комора веќе неколку пати пати сме реагирале на претходни одлуки на Владата, и во некои наврати истите биле позитивно прифатени. Но сепак сметаме дека е неопходно од страна на Владата да се постават долгорочни цели кои ќе бидат во насока да и помогнат на бизнис заедницата, но и општо на економијата. Иако приватниот сектор е најголемиот работодавач во земјата каде се вработени над 650 илјади лица, досега целиот фокус беше на носење мерки со социјален карактер од кои поголемиот дел беа само за граѓаните, што е во ред до одреден степен, бидејќи важна ни е потрошувачката, но не може оваа подршка да биде на сметка на бизнисите. Бизнисите се мултипликатор на економијата затоа е важно да се размисли на поодржлив концепт кој ни би го загрозил нивното постоење.

К.В.С.

Слични содржини