142
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопшти дека е обновен резервниот далновод до нуклеарната централа Запорожје на територијата на Украина, со што се обезбедува надворешна електрична енергија неопходна за ладење на реакторот.
Во објава на Твитер профилот на МААЕ, се наведува дека, по обновувањето на далноводот вчера, исклучен е последниот оперативен реактор во Запорожје, кој обезбедуваше електрична енергија за нуклеарната централа во текот на изминатата недела, откако беше исклучена од мрежата.