Исклучен последниот реактор во нуклеарната централа Запорожје

од Nikola Popovski
174 прегледи

Последниот оперативен реактор на нуклеарната централа во Запорожје беше исклучен од украинската мрежа откако во гранатирање беа оштетени електричните столбови, соопшти украински Енергоатом.

Електраната, најголемата во Европа, беше заземена од руските сили во март, но со неа сè уште управува украинскиот оператор Енергоатом.

– Како последица на пожарот што настана по гранатирањето, денеска е прекинат последниот далновод (електрична енергија), објави Енергоатом на Телеграм.

Енергодар, дом на украинската централа Запорожје, најголемата нуклеарна постројка во Европа, е под руска контрола од март и беше цел на гранатирање во последните неколку недели, при што двете страни меѓусебно се обвинуваат за нападите.

Слични содржини