„Искрено, не бев среќна“: Ема Вотсон откри зошто се повлекла од актерството

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

Актерката Ема Вотсон стекна светска слава со улогата на Хермиона Гренџер во франшизата за Хари Потер.

Популарноста на актерката растеше со другите улоги, а последната улога ја одигра во филмот „Малите жени“ кој излезе во 2019 година.

Незадоволството на Ема кое го чувствувала во светот на актерството ја изненади пошироката јавност.

„Искрено, не бев среќна. Се чувствував заробена. Ми беше многу тешко да морам да зборувам и да продадам нешто над кое навистина немав контрола. Секој новинар прашува: Дали ова се согласува со вашите ставови?. Беше фрустрирачки затоа што немав збор“, рече Вотсон во интервју за FT.

Актерката чувствувала дека е роботизирана во актерскиот свет.

„Почнав да сфаќам дека само сакам да правам работи за кои, ако некој ме обвини, би можел да кажам: Да, згрешив, тоа беше моја одлука, требаше да го направам тоа подобро. Едноставно повеќе не сакам да бидам нечиј робот“, додаде Ема.

Слични содржини