Искривена вилица, осветлена кожа и без брчки на лицето: Наоми Кембел нападната поради страшното фотошопирање (ФОТО)

од Radmila Tasevska
259 прегледи

Фотошопот зеде замав во последните години, особено кај јавните личности, а многу од нив изгледаат непрепознатливо на фотографиите кои ги објавуваат на социјалните мрежи.

Сега познатата манекенка Наоми Кембел се најде на удар на критики поради користење програма за убавина.

Освен што нема ниту една брчка на лицето, луѓето ја критикуваа и манекенката затоа што „нејзината глава е несразмерно мала во однос на телото“, а евидентно е и дека кожата и е осветлена.

Сепак, посебно внимание привлече нејзината вилица која ја искриви при уредувањето на фотографијата и се изгледа откачено.

 

„И тебе ти треба фотошоп?“, „Не сака да прифати дека старее“, „Вилицата ти е крива“, „Те молам избришете ја оваа фотографија, премногу е вештачка“, „Ова изгледа како дете да си играло со фотошоп“, се само дел од коментарите.

Слични содржини