Терористи од “Исламска држава” и се заканија во видеобръаќање ба германската канцеларка Ангела Меркел и предупредија дека претстојат напади во Германија. На крајот на видеото, кое е пуштено на Јутјуб, тие убиле двајца затвореници пред камерата.
Ова е првото видео во кое се упатуваат директни закани кон канцеларката Ангела Меркел. Во него зборуваат двајца мажи на чист германски. Едниот е австриец кој според различни написи во печатот е идентификуван како Мохамед Махмуд, а другиот е германски џихадист кој се претставува како Омар ал-Алма.
“О, Меркел, ти валкана кучко, ние ќе се одмаздиме за подбиваат на пророкот. Ќе се одмаздиме за пролевање на крвта на муслиманите во Авганистан”, вели Мохамед Махмуд. Двајцата се закануваат и со напади во Германија заради нејзиното учество во мисијата во Авганистан и поради нејзината поддршка на курдските борци против “Исламска држава”.
Во обраќањето исламистите повикуваат на колење на сите неверници: “Земи нож и заколи неверник. Тие се кучиња”, велат тие. На крајот на видеото терористите убиле со автомати двајца затвореници пред камерата. Според експертите барем 600 луѓе од Германија се вклучиле во редовите на “Исламска држава”.
