„Исламска држава“ ја објави смртта на својот лидер

од Vladimir Zorba
190 прегледи

„Исламска држава“ ја објави смртта на нејзиниот лидер Абу Хасан ал Хашими ал Кураши, прецизирајќи дека тој бил убиен „за време на борбата против непријателите на Бога“.

Во аудио порака, портпаролот на џихадистичката група објави дека е назначен нов „калиф на муслиманите“ Абу Ал-Хусеин ал-Хусеини ал Кураши.

Портпаролот на групата, Абу Омар ал-Мухаџир, не кажа во својата порака како загинал водачот на групата, инаку Ирачанец.

По издигнувањето во 2014 година во Ирак и Сирија и освојувањето огромни територии, ИД го доживеа падот на својот самопрогласен „калифат“ под влијание на последователните офанзиви во тие две земји, во 2017 и 2019 година.

Оттогаш, организацијата неколку пати беше дестабилизирана со смрт или апсење на нејзините водачи.

Првиот водач на ИД, Абу Бакр ал Багдади ал Кураши, беше убиен во американски напад во Сирија во 2019 година, а неговиот наследник беше елиминиран во февруари во операција на американските специјални сили во северозападниот дел на таа земја.

Слични содржини