Група наречена Cyber Caliphate, дел од “Исламска држава”, пробиче во дел од базите на Агенцијата за национална безбедност на САД, ЦИА, ФБИ , хакнале 54 000 профили на “Твитер” и објавуваат телефонски броеви, лозинки и други лични податоци, јави “Дејли Меил”.

Во соопштението, хакерите “ветуваат” дека добро познатото црно знаме на Даеш, како е позната групата во арапскиот свет, наскоро ќе се развее во Европа.
Таа го направи ова како одмазда за нападот до дрон против британски џихадист и ги повика истомисленици да продолжат со нападите и да помагаат во експанзијата на “Исламска држава”. Ова е уште една епизода од сајбер нападот, која џихадистите ја водат против непријателите.
Повеќето сметки се на странци, кои се наоѓаат во Саудиска Арабија. Некои од жртвите веќе го изразија ужасот од случувањата и моќта на исламистите. Се тврди дека меѓу податоците има и такви на саудиското кралско семејство, но тоа се уште не е потврдено.