Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Кандахар во кој загинаа три лица

Нападот се случил во филијалата на банката „ Њу Кабул“ додека луѓето чекале на ред, изјави шефот на владиниот Оддел за информации и култура во Кандахар, Инамула Самангани.

од Бети Божиноска
210 прегледи

Исламската држава денеска на својот канал на „Телеграм“ ја презеде одговорноста за нападот со бомбаш-самоубиец врз приватна банка во Кандахар, јужен Авганистан, во кој загинаа најмалку три лица, а 12 беа повредени, пренесува „ Асошиејтед прес“.

Нападот се случил во филијалата на банката „ Њу Кабул“ додека луѓето чекале на ред, изјави шефот на владиниот Оддел за информации и култура во Кандахар, Инамула Самангани.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Талибанците, Абдул Матин Кани, рече дека случајот се уште е под истрага, но дека не може да даде повеќе детали.

Кандахар е духовен и политички центар на талибанците бидејќи таму се наоѓа нивниот врховен лидер Мула Хибатула Акунзада, а неговите одлуки за главните прашања ги спроведуваат властите во Кабул. Талибанците ја презедоа власта во Авганистан во август 2021 година откако трупите на САД и НАТО по 20 години ја напуштија земјата.

И покрај првичните ветувања за поумерен став, Талибанците постепено повторно наметнаа сурово толкување на исламскиот закон, или шеријат, како што правеа за време на своето претходно владеење со Авганистан од 1996 до 2001 година.

Слични содржини