Исламска држава управува по Прирачник од 24 страници

од desk3
112 прегледи

Пронајден прирачник на “Исламска држава” кој покажува како терористичката група се зазела да изгради држава во Ирак и Сирија со релевантни владини служби, каса и економска програма за развој. Документот од 24 страници, добиен од “Гардијан”, изложува план за воспоставување на надворешните односи, создавање на пропагандна машина и на централизирана контрола над нафтата, природниот гас и други важни сектори од економијата.

id
Прирачникот, напишан минатата година и насловен “Принципи за управување со Исламска држава”, ги открива аспирациите на ИД да изгради вистинска држава и начините на кои успеа да стане најбогатата џихадистичка група од последните 50 години. Заедно со други документи добиени од “Гардијан”, тој истакнува слика на групата која иако се колне во основниот принцип на грозоморното насилство, е исто толку ангажирана со световните прашања како што се здравството, образованието, трговија, комуникации и работни места. Накратко, таа гради држава.

Washington Times: Русија е во прави, САД се соучесници на ИД

Совршено организираниот ужас на Исламската држава
Затоа, кога западните авиони ја засилуваат воздушната војна против објекти на ИД во Сирија воената цел не е прашање само на аритметики од бојното поле. ИД веќе е далеку повеќе од збирот на нејзините борци. Документот, напишан како прирачник за обучување на “административни кадри” во месеците откако водачот на ИД Абу Бакр ал Багдади објави “калифат” во Ирак и Сирија на 28 јуни 2014 година, опишува накратко како да бидат организирани владини служби за едукација, природни ресурси, индустрија, надворешни односи, односи со јавноста и воени кампови.

Подготвен некаде помеѓу јули и октомври 2014 година, документот изложува детали како ИД ќе изгради посебни кампови за редовната војска и борците ветерани. Ветераните, според документот, треба да поминуваат бесплатни курсеви секоја година, за да добиваат инструкции за “последните новости за оружјето, военото планирање и воените технологии”. Прирачникот за изградба на држава препорачува да има посебна служба која ќе биде одговорна за воените кампови – комплексна регулатива, која судејќи според описот, далеку ги надминува можностите на Ал Каеда во Авганистан од времето на планирање на нападите од 11 септември.
Кој е кој во “Исламска држава”
Документот открива за првпат дека ИД секогаш се стремела да ги едуцира децата за уметноста на војната. Пропагандатаод оваа година јасно покажа дека таа ги тера децата да учествуваат во воена обука и дури да убиваат заробеници.

Во текстот, чиј автор е Египќанец по име Абу Абдула, експлицитно се наведува дека тоа ќе се прави од средината до крајот на 2014 година. Децата “ќе бидат обучувани да ракуваат со лесно оружје” и оние “кои се истакнале”, ќе бидат “избрани за именување во безбедноста, вклучувајќи на пунктови или во патроли”.

Текстот фрла светло врз потребата на ИД да постигне унифицирана култура која опфаќа странци и локални жители, како и потребата да се само-доволни, и да градат независни “фабрики за локално воено производство и производство на храна” и да создаваат “изолирани безбедносни зони” за задоволување на домашните потреби .

Како функционира групата “Исламска држава”
Документот е добиен од бизнисмен кој работи за ИД, преку истражувачот Ајмен ат Тамими, кој во последната година работи на изготвување на детален зборник од достапни за публиката документи на ИД.

Од безбедносни причини “Гардијан” не може да открие повеќе информации за бизнисменот кој одзел речиси 30 документи, вклучувајќи и финансиски извештај од една од најголемите провинции на ИД.

ИД трпи воени порази во последните недели и некои Арапи сунити од Ракка велат дека државништвото е подобро на хартија, отколку во практика. Но Тамими изјави дека Прирачникот заедно со уште 300 документи на ИД, со кои тој се здобил во последната година, покажуваат дека централната цел е изградба на енергична држава, основана на фундаменталистичката теологија. Генералот на резервата Стенли Мекристал, кој командуваше со воените единици, кои помогнаа за уништувањето на претходникот на ИД во Ирак од 2006 до 2008 година, изјави за Прирачникот: “Ако навистина е вистински, е доста добар и треба да се прочита од секој – особено од политичарите на Запад “.
Како луѓето живеат во “главниот град” на Исламската држава

“Ако на Запад гледаме на ИД како на стереотипна банда од убијци и психопати, ризикуваме драматично да ја потцениме”.

“Во” Принципите за водич на Исламската држава “се гледа дека вниманието е насочено кон образованието (всушност индокринирање), почнувајќи со децата, но и во нејзините редови,кој признава дека ефикасното управување е од суштинско значење, се зборува за користење на технологија за совладување на информациите (пропаганда) и подготвеност за пронаоѓање на поуки од грешките на претходните движења “.
“Не е поинаков од делата на Мао, практиките на Виетмин во Индокина или други движења за кои најспектакуларните акции се само врв на суптилна санта мраз од организирана активност”.

Чарли Винтер, истражувач на Универзитетот во Џорџија, кој го видел документот, вели дека тој го покажува големиот капацитет на ИД за претходно планирање.

“ИД сосема не е армија од тапи и жедни фанатици, туку длабоко замислена политичка организација со исклучително сложена, добро разработена инфраструктура во основа”.

Генерал-полковник Греам Ламбе, поранешен шеф на специјалните сили во Велика Британија, изјави дека Прирачникот зборува за континуирана воена стратегија. Осврнувајќи се на делови од текстот, во кои ИД постојано повторува дека е единствениот вистински претставник на Арапите сунити во регионот, Ламбе изјави дека е многу важно да се обезбеди широко сунитско водство во битката со ИД или ризикуваме “да го негуваме ова чудовиште “.

“Ако ги сметаме ИД и калифатот само за цел која треба систематски да биде уривање од сили, различни од блискоисточните сунити, значи да не ја разбираме суштината на оваа битка”.

“Таа треба да се предводи од арапско сунитско водство и нивните бројни племиња во регионот, а ние на Запад и други религиозни групи во Блискиот Исток да дејствуваме во нивна поддршка. Не на тој начин е изградена сегашната кампања против ИД, поради што сме осудени на потенцијален неуспех “.