Екстремистичката Исламска држава вчера ја потврди смртта на својот лидер Абу Хусеин ал Хусеини ал Кураши.
Како што е наведено, оваа екстремистичка организација го назначила Абу Хафс ал Хашими ал Кураши за негова замена, пренесе „Ројтерс“.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во април изјави дека турските разузнавачки сили го убиле водачот на милитантната група Ал Кураши во Сирија.