Терористичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во кој денеска загинаа 12 лица во главниот град на Авганистан, Кабул, објави ИД на својот канал на Телеграм.
Експлозијата на бомбата се случила во западниот дел на градот, каде живее малцинската шиитска заедница, изјавија очевидци, пренесе „Ројтерс“.
Во вчерашната експлозија во Кабул, за која одговорност презеде и Исламската држава, најмалку 12 лица загинаа, а 22 се повредени.