Исмаил: Состојбата во Турција допрва ќе има влијание врз Балканот и во Македонија!?

од Vladimir Zorba
101 прегледи

 

guner

Македонија и останатите балкански држави функционираат по принципот на „врзани садови„ и состојбата од Турција допрва ќе има влијание врз Балканот, вели аналитичарот Ѓунер Исмаил за ТВ21.
Особено може да се почувствува на економски план, затоа што Турција има значајни инвестиции во Македонија. Дополнително како што вели тој, состојбата може да се искомплицира затоа што сите бегалци од Сирија минуваат преку Турција, а потоа продолжуваат низ балканската рута.

„Не треба да се изуми дека Турција и досега беше главаната порта за бегалските бранови, затоа можно е да се соочиме со една нова ситуација. Во такви услови Македонија не може да остане недопрена, на одреден начин. Не треба да се заборави дека Турција граничи со Грција и веќе турски воен хелихоптер прелета во Грција и осум воени лица побараа политички азил.“, изјави Ѓунер Исмаил.

Целиот текст можете да го прочитате тука