Испиша историја, а потоа рече: „Посебен момент за клубот“

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Баер Леверкузен денеска ја освои првата титула во Бундеслигата и тоа го направи на неверојатен начин.

На пет кола пред крајот ги елиминира сите дилеми со победата над Вердер од 5:0 и се уште е непоразен во сезоната, па Баерн, кој до оваа сезона врза 11 титули, остана далеку – на -16. На таа дистанца е и Штутгарт.

А јасно е зошто тренерот Чаби Алонсо е горд.

„Ова е посебен момент за клубот, бидејќи е освоена првата германска шампионска титула во неговата долга 120-годишна историја. Ние сме одличен тим, играчите што ги имаме се одлични и навистина сум горд на се што направивме. Чест ми е што сум дел од Баер Леверкузен“, рече Алонсо.

Шпанецот неодамна донесе одлука да остане во Баер Леверкузен и покрај тоа што имаше понуди од Баерн и Ливерпул.

Алонсо како играч ги освои сите можни клупски и репрезентативни трофеи, а очигледно е дека во иднина ќе биде еден од водечките тренери на планетата…

Слични содржини