Испиша историја: Халанд постигна нов гол за Манчестер Сити (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд постигна нов гол за Манчестер Сити, овојпат на дуелот против Вулверхемптон.

Младиот голгетер ова лето одлучи да се пресели во Премиер лигата. Веќе се наметна како прв фаворит за „златната копачка“ во англискиот шампионат. Досега реализира единаесет гола и е далеку пред конкуренцијата.

Со денешниот погодок, 22-годишникот испиша историја. Тој стана прв играч кој се запишал во листата на стрелци на воведните четири гостувања од елитното англиско натпреварување.

Доколку продолжи со ова темпо, Халанд има можност да сруши многу рекорди во Премиер лигата. Добрата форма му ја донесе наградата „најдобар играч“ за месец август.

Слични содржини