Врз основа на првичниоте информации од студијата спроведена од страна на фарматсевската компанија „Фајзер“, вакцината против Ковид 19 е 90% ефикасна.
Оваа вакцина е направена во соработка и со компанијата „Бајонтек“, кои исто така истакнаа дека овие 90% се всушност проценти на ефикасност кај пациенти кои не биле заразени со коронавирусот.
Прелиминарната анализа, била направена во третата фаза од создавањето на вакцината, а ја направил независен одбор за следење на податоци. Всушност оваа анализа говори за тестирање на речиси 44.000 во САД, но и во 5 други земји.
Од оние кои биле дел од истражувањето, 98 лица се заразиле, но во моментов се уште не е познато колкумина од нив примиле вакцина, а кои само плацебо.
Голем процент од испитаниците кои добиле заштита од вакцината ги прави резултатите многу уверливи, пишува британски Гардијан.
Регулаторните агенции порачале дека ќе одобрат вакцина која има само 50 отсто ефикасност, што значи дека од зараза штити 50 отсто од тие кои ќе ја примат. Произведувачите на таа вакцина велат дека нема сериозни нуспојави.
„Денес е голем ден за науката и за човештвото. Првиот сет резултати од третата фаза на истражувањето на вакцината против ковид-19 ги докажува првичните докази за способноста на нашата вакцина да ја спречи заразата со коронавирусот“, истакна шефот на управата на Фајзер д-р. Алберт Бурла.
Собирањето на податоците за безбедноста на вакцината ќе потрае до третата недела од ноември, најавуваат од Фајзер. Тие податоци потоа ќе бидат испратени кај регулаторите кои би требало да ја одобрат употребата на вакцината. Брзото добивање на одобрение за пуштање на вакцината во промет би можело да значи дека здравствените работници ќе ги добијат првите дози на вакцината до крајот на годинава, наведува Гардијан.
Се проценува дека до крајот на годината ќе бидат достапни 50 милиони дози од вакцината, што е доволно за вакцинација на 25 милиони луѓе. „Фајзер“ планира да произведе вкупно 1,3 милијарда дози во 2021. „Фајзер“ и „Бајонтек“ имаат соработка за испорака на вакцини со САД, Европската Унија, Велика Британија, Канада и Јапонија.
Низ светот околу 12 вакцини против коронавирусот се во завршната фаза на тестирање, но „Фајзер“ е првата компанија што претстави резултати од тестирањето.