Исплатени субвенциите за обележани грла кози

од Aleksandar Petrovski
293 прегледи

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 1.972 одгледувачи на кози им исплати 61 милион денари. Станува збор за мерката „Директни плаќања за обележани грла кози“ чии корисници се земјоделски стопанства со најмалку 10 грла кози од сите категори.

Висината на директните плаќања изнесува 1.000 денари по грло, односно 1.100 денари за земјоделските стопанства кои имаат пријавен број грла за финансиска поддршка од минимум 50 до максимум 150 кози од сите категории.

-Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат пред почеток на новата реколта, во период кога на земјоделците им се најпотребни. Оваа Влада, од почеток на мандат до денеска, исплати 383,3 милиони евра за развој на агро секторот, наведува Агенцијата.

Слични содржини