Исплива името на членот на кралското семејство кој дал расистички коментар за малиот Арчи

од Stefanija Kuzmanovska
374 прегледи

Сè уште се отплеткуваат конците од шокантното интервју што Меган Маркл и принцот Хари и го дадоа на телевизиската водителка Опра Винфри во март минатата година, кога тие за првпат јавно проговорија за нивното заминување од Велика Британија и напуштањето на кралското семејство. Меган потоа откри дека некои членови на семејството биле загрижени за тоа колку ќе биде темна кожата на Арчи откако ќе се роди.

– Тоа ми го пренесе Хари – разочарано се присетила Меган во интервјуто без да открие кои членови сакале да го дознаат тоа бидејќи, како што наведува, би било премногу штетно доколку јавноста дознае за кого станува збор.

Но, новата книга на авторот Том Бауер ги открива имињата со кои Меган не сакаше да излезе во јавност. Тој тврди во својата неовластена книга ‘Revenge: Meghan, Harry and the War Between the Windsor’s’, која го истражува наводниот „раздор“ меѓу војводата и војвотката од Сасекс и другите членови на монархијата, дека Камила, војвотката од Корнвол и втората сопруга на принцот Чарлс, дала расистички коментари за нивниот, тогаш, нероден син Арчи и дека таа ги поттикнала застрашувачките осуди на целото кралско семејство.

Наводно, Камила самата му рекла на Хари дека би било смешно неговото неродено дете да има „црвена афро фризура“ за време на разговорот што го имале со семејството во 2016 година, пренесува „Мирор“.

Шокантните откритија што новинарот Бауер ги откри во книгата веднаш стигнаа до Камила, а извори блиски до војвотката од Корнвол ги нарекоа тврдењата „тотална глупост“. Ќе видиме како оваа приказна ќе се развива понатаму.

Слични содржини