Во моментов се снима продолжението на „Џокер“, поради што повремено имаме можност да видиме слики од сетот на овој филм во кој главните улоги ги толкуваат Хоакин Феникс и Лејди Гага.
Сликите на Феникс во улогата на насловниот лик веќе се појавија на интернет пред извесно време, а сега на ред е неговата колешка Лејди Гага.
Lady Gaga on the set of ‘Joker 2.’ pic.twitter.com/uqRs3UIzxY
— Pop Base (@PopBase) March 12, 2023
Потсетуваме, познатата пејачка ја толкува Харли Квин, која во филмот е психијатар и на оваа работа го запознава Артур Флек (Џокер) во кој се вљубува.
Продолжението на филмот за главниот непријател на Бетмен се вика „Joker: Folie à Deux“, а неговата премиера е закажана за 4 октомври 2024 година.
she looks stunning and perfect as harley pic.twitter.com/cfAmeKLT1r
— allure (@allurequinn) March 12, 2023
Филмот наводно ќе има и елементи на мјузикл.