Светските резерви на компјутери забележале најголем пад во речиси две години само во последниот квартал, пријави The Wall Street Journal. Податоците на аналитичкитекомпании IDC и Gartner се прилично слични и укажуваат на присуство на проблеми во секторот. Според Gartner испораките во вториот квартал од годината се намалиле за 9.5% до 68.4 милиони уреди.
Резултатите на IDC покажуваат уште поголем пад – 11,8% на годишна основа до 66.1 милиони примероци. IDC не ги брои таблетите како дел од персоналните компјутери.
IDC покажува дека Lenovo останува водечкиот производител, следен од HP и Dell. И трите водечки компании ја зголемуваат партиципацијата на пазарот за сметка на помалите производители. Garnter очекуваат на пазарот да се смали со вкупно 4% во однос на 2014 година. Надежите се дека Windows 10 ќе помогне контракцијата да е само толку, а не и поголема.
Причините за континуираниот пад се јасни и не изгледа да има начин да се надминат. На прво место е значително зголемениот интерес за мобилни уреди кои ќе ги заменат компјутерите за многу од активностите како интернет сурфање, комуникација, забава. Освен тоа самите компјутери веќе се доволно развиени и дури и поевтините модели функционираат за масовниот корисник и вработен. Сѐ помалку корисници и компании имаат потреба да ги обновуваат компјутерите толку често и се продолжува периодот на користење на нивните сегашни уреди.