Испораките на оружје од САД за Украина продолжија денеска, еден ден откако администрацијата на Трамп ја укина суспензијата на воената помош за Киев во борбата против руската инвазија.
Од Кремљ велат дека е важно да не се брза со одговорот на Русија на предлогот за прекин на огнот, објавија светските медиуми.
Дмитри Песков изјавил дека Москва чека детални информации за ова прашање од САД и сугерирал дека Русија прво мора да ги добие пред да може да заземе позиција.
Испораките на оружје за Украина веќе продолжија преку полскиот логистички центар, изјавија министрите за надворешни работи на Украина и Полска.
Испораките одат преку центар на НАТО и САД во источниот полски град Жешов, кој се користи за транспорт на западно оружје до соседна Украина.
Американската воена помош е од витално значење за украинската војска, која се бори да ги задржи руските воени сили на растојание.