Испораките на таблети со прв квартален пад во историјата

од Vladimir Zorba
99 прегледи
Испораките на таблети отстапиле на крајот на минатата година за прв пат од почетокот на нивното влегување на пазарот во 2010 година, покажува новиот извештај на компанијата за истражување на пазарот ИДЦ.
tablets1
Според истражувањето, глобалните испораки на таблети се намалиле до 76,1 милиони. Во четвртиот квартал на 2014 година, намалувањето е од 3,2-отсто во однос на истиот период претходната година, пренесува ЦНБЦ. Ова е прв пад на годишна основа од навлегувањето на пазарот пред пет години.
За целата 2014 година снабдувањата сепак, се зголемиле за 4,4-отсто до вкупно 229,6 милиони единици.
Испораките на ајПад на Епл за четвртиот квартал се намалиле за 17,8-отсто во однос на истиот период минатата година до 21,4 милиони единици, додека оние на Самсунг бележат пад за 18,4-отсто до 11 милиони единици.
Најголемиот сепак губитник се покажал Амазон – снабдувањето на моделите од серијата Киндл Фајр паднале за 69,9-отсто – од 5,8 милиони во четвртиот квартал на 2013 година до едвај 1,7 милиони во периодот октомври-декември 2014 година.