Медицинска сестра од Белград едвај успеала да избега од либијскиот град Сирта, каде сега е главната централа на ИСИС. Се вратила во татковината, а за спрски „Блис“ раскажува низ што се поминала таму и за нејзиното бегство дома.

epa02452651 A muslim woman prays during the  festival of Eid al-Adha at the headquarters of Ammar al-Hakim (unseen), the leader of the Supreme Islamic Iraqi Council in Baghdad, Iraq, 17 November 2010. Muslims around the world celebrate Eid al-Adha by slaughtering sheep, goats, camels and cows to commemorate Prophet Abraham's willingness to sacrifice his son, Ismail, on God's command.  EPA/ALI ABBAS

54-годишната Лидија поради нејзината безбедност почнала да учи делови од Куранот, затоа што на луѓето од ИСИС им рекла дека е муслиманка.

Во Либија заминала во 2012 година заедно со уште четири медицински работници и работеле во главната градска болница во Сирта. Ситуацијата во градот била добра, се до минатата година, кога почнало одново да се пука по улиците и дошле исламисти.

-„Во февруари почнаа приказни дека доаѓа ИСИС. Од болницата стигна известување дека оние кои сакаат да си одат, да го сторат тоа веднаш. Некои си заминаа, некои не. Одлучив да останам, зошто во тоа време на посета ми беше син ми, а болницата само мене можеше да ми помогне да избегам од Сирта. После тоа стигнаа некои луѓе во градот кои беа маскирани и ни рекоа да не го напуштаме градот, оти ништо лошо нема да ни направат. Единствено од нас бараа жените да ја покријат главата со марама.“, раскажува Лидија

Било мирно се до мај, кога во градот стигнала вистинската ИСИС  Сирија, Ирак, Алжир, Египет, Судан.

Набрзо биле затворени сите банки во градот, телефоните и интернетот престанале да работат. Сирт бил отсечен од градот. Секој ден држеле митинзи и поставувале разни услови.

– „ИСИС нареди жените да мораат да носат црни абаји и целосно да ја покријат главата и лицето.“, вели Лидија

 

Останала без пари, а преживувала работејќи во болницата нон-стоп за да може да јаде. Сепак собрала храброст и одлучила да побегне, а во тоа и помогнал еден пријател таксист. За среќа никој не се посомневал во лажниот брачен пар и успеале да побегнат во друг град. Лидија и сега се наоѓа таму, но поради нејзината безбедност „Блиц“ не открива во кој град. Таму нашла нова работа, во дел кој не е под контрола на ИСИС.

 

 

 

 

Слични содржини